(ВИДЕО)Жерновски: Во март урбаната мафија ќе се збогува со општина Центар

Од:

„Овој злостор којшто е направен врз урбанистичкиот простор во центарот на Град Скопје, овој злостор врз зелените површини на Град Скопје, овој злостор, ако сакате, врз просторот за живеење во центарот на Град Скопје, не може и не смее да остане несанкциониран“, порача кандидатот за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.

Ова, рече, е едно невидено самовилие и тоа на една група луѓе кои не водат сметка за итнересите на граѓаните, туку за интересите на својот партиски, односно приватен џеб.

Жерновски порача дека не смееме од оваа грда слика да ја тргаме нашата глава на страна, туку напротив треба да гледаме што се случува овде од страна на локалната и централната власт, затоа што ова позади нас всушност претставува најголем мотив и повик масовно да се излезе на изборите во март и да се даде еден јасен сигнал дека ова мора да престане.

„Сакам денеска да порачам две работи:- Прво, да дадам збор дека ниту еден мој проект нема да биде направен позади грбот на граѓаните, туку ќе биде направен исклучиво врз претходна консултација со граѓаните на местото на живеење и што е најбитно – врз основа на претходна согласност од граѓаните;

– Втората порака е дека во март урбаната мафија ќе се збогува со општина Центар.


 

 

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови