Жерновски во контрола на градилиштата – безбедноста и сигурноста на градилиштата и граѓаните на прво место

Од:

„Расфрлен градежен материјал на јавна површина, ова е сликата која ја затекна градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој беше во инспекција заедно со овластениот градежен инспектор на три градилишта.

Граѓаните се жалеа до градоначалникот за расфрланиот материјал, кој им оневозможува нормално движење по тротоарите. “Луна Корпорација“ ДООЕЛ Скопје и “Линеа“ ДООЕЛ Скопје не ги почитуваат законските одредби и на објектите кои ги градат на аголот на улица “Орце Николов“ и “Ѓорѓи Пулевски“ и ќе им бидат изречени казни во висина од 2.000 евра.

Кај “Луна Корпорација“ градилиштето е необезбедено, а кај двете фирми е забележливо зафаќање на јавна површина со градежни материјали. .2000 евра е казната и за фирмата “Адама Инвест“ ДООЕЛ Скопје која гради објект на аголот на улиците “Партизански Одреди“ и “Рузвелтова“, на објектот нема табла на која, според законот треба да стои податоци за инвеститорот, изведувачот и за самата градба.

Од денес, градоначалникот Жерновски и надлежниот градежен инспектор започнаа со акција за посета на сите градилишта на територијата на општината, за да се констатира каква е безбедноста и сигурноста на градилиштата, дали има заштитни мрежи и огради, дали е зафатена надворешна јавна површина со градежни матријали и шут“ соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски