Жерновски: Власта не бира средства и води скандалозна хајка

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски реагира на написите во дел од медиумите за некаков наводен скандал.

„Продолжува скандалозната и паушална хајка на власта врз општина Центар и врз мене. Не се бираат средства, за дискредитација по секоја цена. Последно во серијалот е наводниот скандал, како што бомбастично најавија дел од медиумите, кои без да проверат, објавија писмо од жител на Центар, дека наводно базени и спортски објекти во општината се уништуваат од луѓе до градоначалникот и се градат дискотеки“, се вели во писмената реакција.

Градоначалникот Андреј Жерновски ги замолува овие медиуми, да го објават името на жителот од Центар, кој испратил допис и фотографии до нив, за да може да покрене судска постапка за клевета и изнесување лажни податоци и тврдења.

Во спротивно, вели, ќе смета дека и тие медиуми , а и жителот се дел од сценариото и се само употребени од налогодавачи од владеачката структура.

Посочениот жител, поднесе пријава на 13.05.2013 до општината и градоначалникот и бара да се постапи и да се прекине уништувањето на базените и спортските објекти.

Овластениот градежен инспектор на општина Центар веднаш по извршениот инспекциски надзор, издал решение со кое му се наредува на инвеститорот во рок од три дена да го отстрани објектот , да престане да врши реконструкција со пренамена на објектите околу базенот и самиот базен и земјиштето да го врати во првобитна положба.

За истото е запознаено веднаш и Министерството за транспорт и врски. Очекуваме Министерството, експресно, како што тоа го прави кога се работи за други случаи и ситуации, да потврди дека е известено од општината дека на подносителот му е веднаш одговорено.

„За сето ова постои документација, и доколку новинарите не добија наредба од некого, без причина и документи да го валкаат името на градоначалникот и на самата општина Центар, ќе требаше да се јават и да ја дознаат вистината, поткрепена со комплетна документација.Вака и ова останува само дел од валканата кампања во чиј центар е општината и градоначалникот Андреј Жерновски.Јасно е дека власта не може да се помири со промената на раководната структура во општината Центар, а дел од медиумите се само извршители на атакот врз општината и градоначалникот Андреј Жерновски“, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска