(ВИДЕО) Жерновски: Власта да падне за да се крене Македонија

Од:

Повторно стопирани автобуси од Охрид, Битола, Куманово, Велес, но, рече на протестот лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, Груевски треба да знае дека народот е тука.

Во духот на песната на отпорот Bella Ciao, на Јанкуловска и порача – Гордана знај, нема крај, до крај ќе одиме.

Жерновски со аплауз ги поздрави снимателите, новинарите и фото репортерите и им порача: Тука никој нема да ве тепа.

„Деновиве слушнавме небулоза од пратеничка од власта, медиумите биле тргнати за да не паднела камера, на некој пратеник од ДПМНЕ. Ова зад нас е куќата од каде дојдоа наредбите да се исфрлаат новинари да се тепаат трудни жени, да се пресметуваат со пратеници.

– Тука влегуваат судии, обвинители, уредници. Ова е полициско-партиска држава. Отпорот мора да продолжи. Граѓаните велат, го видовме грдото лице на оваа власт, но тоа е вистинското лице“, рече Жерновски.

„Го премолчавме убиството на Нешковски, затворањето на Бошкоски, затворањето на А1 Телевизија, уривањето на Космос“.

– Овој 24-ти декемви не смееме да го премолчиме. Одиме до крај“, рече лидерот на ЛДП.

Тој посака во 2013-та власта да падне, за да се крене Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија