Жерновски: Владејачката партија се обидува да го исмева резултатот кој никогаш го немала во Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на својот ФБ профил одговори на нападите за резултатот од вчерашниот референдум за ГТЦ.

Еве што напиша Жерновски:

zernovskiStatusZaGtc

Ветив дека нема да го вметнам ГТЦ во политички води и ќе останам доследен на тој принцип до крај.

Спротивно на тоа, ја гледам кај многумина силната потреба да се исполитизира овој референдум.

Ова беше изјаснување на граѓаните по одредено прашање, што е впрочем и суштината не еден референдум. Познавам опозиционери кои не гласаа, како и поддржувачи на владеачката гарнитура кои учествуваа на референдумот. Точно е дека тие не се во голем број, но ги има. И утре ќе има повеќе.

Сакаме да ги вклучиме неопределените гласачи и невладините организации, но кога тие ќе одлучат да го сторат тоа, веднаш ги оддалечуваме и дополнително ги разочаруваме со тоа што политички им ги инструментализираме нивните гласови.

Самите сме виновни за тоа, зарем не?

Со ставовите на новинарите кои ме напаѓаат не се согласувам, но не им се лутам за тоа, бидејќи со тоа би бил ист како оние против кои се борам. Во демократијата мора да ги почитуваме различните ставови, без разлика колку тие (не) ни се допаѓаат.

Парадоксален е фактот дека владеачка партија, секако преку нејзините медиуми, се обидува од петни жили да го исмева резултатот која, патем, она никогаш не успеала да го оствари во историјата на општина Центар.

Вчерашниот резултат покажа дека ГТЦ има повисок рејтинг од сите нас во политиката, и, меѓу нас, тоа многу ме радува.

Токму затоа, тој мора да ја задржи својата автентичност.

Во име на тоа, битката продолжува!

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски