(ВИДЕО) Жерновски: Уставниот суд се вклучи во изградбата на десеткатницата на Водно

Од:

Вчерашната одлука на Уставниот Суд да се прогласи за ненадлежен за иницијативата на општина Центар за оспорување на спорните ДУП-ови Тасино Чешмиче и Водно-Капиштец, како што оцени градоначалникот на општина Центар, е скандалозна.

Ова, рече тој, се најтешките денови за македонското судство.

„Ова покажа дека не постои Уставен Суд, туку партиско-политизирана институција. Идните генерации на правници ќе ја учат одлуката како пример како политиката го узурпира правото. Смешни се објаснувањата дека Уставниот Суд ги гледал ДУП-овите само во делот кој се однесува на донесување на акт кој е номиниран во Законот за урбанистичко планирање. Уставниот Суд досега ценел и усогласесност со Град Скопје и со Законот за заштита на Охридското Езеро. Уште посмешен беше брифингот дека не се отворила расправа за инцијативата, затоа што уставните судии расправаат само за одлуки донесени со Бадентер. Досега, Уставниот Суд гледал одлуки кои што се донесени од општините Гевгелија, Охрид, Ресен…“, рече Жерновски.

Според него, врв е вчерашниот обид да се поврзе неприфаќањето на иницијативата, бидејќи тоа, наводно, потсетувало на црниот понеделник.

„ДУП-от е нелегално донесен. Не може ниеден судија да објасни или оправда како нечии 11 гласа имаат поголема тежина од нечии други 11 гласа. Државниот апарат контролира се’, па и судовите. Уставниот Суд наместо во заштита на граѓаните, се стави во заштита на партијата на власт. После оваа одлука очекувам да продолжи притисокот од инспекциите. Со ова Уставниот Суд се вклучи во изградба на десеткатницата на Водно“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Горан Наумовски

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов