Жерновски: „Спонтаните“ протести ги организира власта

Од:

Синхронизираноста и таканареченото спонтано собирање на луѓе кои протестираат против носење на одлуки на Советот на општина Центар, јасно покажува дека зад ова стои владеачката партија, стои во рекацијата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Истата таа владеачка структура, вели, добро знае дека пред месец дена загубија три пати во Центар, што значи жителите се против нивните политики кои до сега ги спроведуваа во општината.

„Прозирно и неодговорно е што се манипулира со најинтимните и најранливите чувства, верските и односот кон децата. Недозволиво е од партијата на власт да ги инструментализира овие чувства“, се вели во писмената реакција на градоначалникот Жерновски.

Инаку, вели, сите акти на Градоначалникот и на Советот се во правец на враќање на законитоста. Претходното раководство на општина Центар носеа одлуки кои беа противуставни и спротивни на интересите на граѓаните.

Потенцира дека ревизијата се прави, и ќе се прави за да се врати правниот поредок.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите