Жерновски со жителите на Пролет: Нова енергетски-ефикасна фасада на зградата на „Цицо Поповиќ“ бр. 4

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, со своите соработници беше на средба со жителите на зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр.4 во населба „Пролет“.

Оваа е една од повеќето згради кои ја формираат населбата „Пролет“, изградена во 1948 година, како прва станбена населба по Втората светска војна од архитектот Михо Чакеља.

Руинираната фасада на зградата наскоро ќе добие нов изглед, бидејќи Општина Центар врши реконструкција со поставување на нова, енергетски ефикасна фасада.

Како и кај сите претходни фасади, се задржува автентичниот изглед, а жителите самите одлучуваат за бојата на фасадата. На вчерашната средба, граѓаните избраа нивната зграда да биде во пастелни, светли бои.

Новата фасада ќе им овозможи многу подобри услови за живеење, заштитени од влијанието на промените на годишните времиња и 30% пониски сметки за електрична енергија. Зградата е со површина од 1500 м2. Претходно, Општина Центар ја реконструираше и зградата на улица “Цицо Поповиќ“ бр. 7.

Ова е четиринаесетта зграда која што добива енергетски ефикасна фасада.

Како што им кажа градоначалникот Жерновски на жителите, проектот продолжува понатаму и тој очекува да бидат реновирани нови фасади на зградите во Пролет. Ги ислуша нивните проблеми и предлози, за кои ќе се бараат решенија во програмата за работа на Општината и буџетот за 2018-та година.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски