Жерновски: Следниот роденден да го славам во слободен Центар, Куманово и Македонија

Од:

Опозицијата е единствена како никогаш досега, заедно сме, порача од Куманово лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, до крајната цел за заминување на оваа власт.

„Што е со бомбата на Заев, со бомбата на опозицијата? Таа бомба не е само во материјалите од кои ќе стане јасно и нема да има дилеми кој ја води Македонија. Финалната бомба ќе бидете Вие. Тоа е бомбата која ќе експлодира и кој аќе донесе слобода“, рече Жерновски.

image-5a0af1b069ab4805e12044e3e7db107008306e5114a27780dba73320533286b9-V

Тој посочи дека, како никогаш досега во Македонија постои терор и ова рече, е класичен режим. Никогаш немало поголем притисок врз судството и јавниот сервис. Дојде време да се разоткрие власта која функционира врз лаѓи.

„Вчера Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за спорните ДУО-ови на Водно. За нив нечии 11 гласа ЗА вредат повеќе вредат повеќе од 11 гласа ПРОТИВ. ОВа покажува дека се е под контрола“, рече Жерновски.

10811589_10205330358644385_959160680_n

Веќе не е прашање како да се преживее месецот, туку денот. Во ист ден владата вели дека може да се преживее со 100 евра и во ист ден Заводот за статистика покажува дека потрошувачката корпа изнесува 550 евра.

Под нивна власт Македонија стана држава прва по мизерија и невработеност рече Жерновски.

Тој нагласи дека сега на власта и требаат пари и затоа казнуваат за се. Вчера тој како градоначалник на Општина Центар добил одлука да плати казна од 2000 евра, само затоа што во ходниците на Општина Центар нашле некој невработен.

На власта и требаат пари за барок. 10 милиони граѓаните платија за фасадата на зградата на Владата, сега дополнително уште 3 милиони за внатрешно ѕредување. 11 милиони ќе плаќа градот за барокни фасади а 18,5 милиони евра за панорамското тркало, затоа, рече, да пратиме порака од Куманово дека е доста!

Жерновски кој денеска го славеше својот роденден посака следниот роденден да го слави со семејството во слободен Центар, слободно Куманово и слободна Македонија.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски