Жерновски: Посакувам компромис за одлуката за избори

Од:

На 5 јули годинава во Хрватска ќе се одржат парламентарни избори, иако редовниот, односно крајниот термин за нивно организирање беше до 13 декември. Нашите сојузници од НАТО и ЕУ, кој во моментов се и претседавачи со Советот на Унијата, сметаат дека овој термин е многу посоодветен и побезбеден отколку месеците наесен, кога целиот свет се подготвува за извесниот нов бран на коронавирусот, вели заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

Тамошната опозицијата, за разлика од кај нас, додава, учествуваше во носењето и ја поздрави ваквата одлука, во истата гледајќи здраворазумско резонирање, но секако и можност за освојување на власта и претставување на сопствената политичка понуда како одговор на здравствената и економската криза.

Нивните институции веќе сериозно се посветени на организирање и одржување на изборите во услови на пандемија и тоа се одвива без никаква драмолетка од страна на опозицијата или пак со недоверба кон државата и нејзините институции. Хрватскиот завод за јавно здравство веќе почна да ги осмислува препораките за заштита од ширење на коронавируспот во текот на изборниот процес, односно гласањето.

– Навистина посакувам компромис и заедништво (и) кај нас за одлуката за избори. Нам ни е неопходна политички стабилна и здрава држава, која со сите сили ќе биде подготвена да продолжи да го штити здравјето на населението, на економијата и на демократијата. Вирусот нема да замине така брзо како што посакуваме сите и затоа ќе мора да научиме да живееме со него. Сите досегашни мерки се носеа врз основа на науката и во консултација со СЗО и здравствените власти во сите земји во светот. Ние со овие мерки продолжуваме понатаму и тоа е клучот за враќање на животот во нормала. Тоа е впрочем “новата реалност”. Изборите, овојпат, ќе бидат поинакви и ќе бидат сегмент од тоа поинакво општествено функционирање, секако организирани во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, со обезбедени протоколи за максимална заштитита на граѓаните, вели Жерновски.

Според него, оваа Влада, предводена од СДСМ, докажала дека, благодарение и на навреме преземените мерки, успешно го амортизирала првиот удар на епидемијата.

– Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден момент не се оптовари капацитетот на здравствениот систем. Истовремено, за разлика од многу други земји, во аптеките и самопослугите никогаш не се појави недостаток од артикли. Со оваа криза стана уште поевидентно дека државата и системот функционираат, што, пак, дава гаранција дека СДСМ ќе продолжи да програмира мерки за оддржување на системот, смета Жерновски.

Кога веќе се воспоставени вакви услови, кога државните институции се во перманентна консултација со медицинските експерти, а уште повеќе кога имаме техничка влада во која министер во МВР и неколку заменици министри во други ресори доаѓаат од редовите на опозицијата, бојкотирање на изборите од страна на таа иста опозициска партија во најмала рака би бил нечесен, неодговорен и кукавички чин.

– Во една прилика, Боб Рос рекол “ставете светлина против светлина – немате ништо. Ставете темнина против темнина – повторно немате ништо. Токму контрастот помеѓу светлината и темнината е причината поради која едниот му дава смисла на другиот.” Многу труд и жртви беа вложени во оваа битка. Со истата таква пожртвуваност ќе влеземе и во организација на изборите, затоа што нема лицитирање со иднината на државата, вели заменик-министерот за надворешни работи Жерновски.

Би можело да ве интересира

Нема плата ако не гласате, не може да извадите возачка, парични казни – Земји каде гласањето е задолжително

Десна на Палчо излегува на парламентарни избори: Новиот претседател на партијата носител во единицата

Александар Тодески

Пендаровски: Другата политичка опција носи стагнација за Македонија

А1он

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

Димитриевски: Претседател не може да се бира во Парламент, бидејќи ја црпи силата од граѓаните

А1он