Жерновски: Поради загаденоста на воздухот, учениците од понеделник да одат на распуст

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска упати барање до Министерството за образование и наука, за децата од 7-те општински основни училишта распустот да започне од понеделник, 28.12.2015.

„Ова барање е поради резултатите од извршените мерења на загаденоста на воздухот од страна на Министерството за животна средина, кои покажуваат дека во последните 10 дена во општина Центар има „многу високо“ ниво на ПМ 25 и ПМ 10 честички.

Доколку висината на нивото на загаденоста на воздухот биде над дозволеното, ќе се продолжи со полугодишниот распуст и наместо до 21-ри јануари, Жерновски бара учениците да не одат на настава се’ до намалување на загаденоста на нормално ниво“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски