Жерновски подготвува кривична пријава против порталот „Република“

Од:

„Би сакал најостро да ги демантирам лагите изнесени во денешниот текст објавен во порталот „Република“ со наслов „Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра“?

Повеќе од јасно е дека ваквите лаги се пласират со цел да се дефокусира јавноста од проектите кои ги реализира општина Центар. Очигледно ВМРО ДПМНЕ не може да се помири дека граѓаните се задоволни и даваат поддршка на работењето на општината, па со бесрамни лаги се обидуваат да го оттгргнат вниманието.

Уште во понеделник ќе поднесам кривична пријава за клевета и ваквите тврдења „Република“ ќе мора да ги образложи на суд“, вели во писменото соопштение, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“