Жерновски: По контра-протести на повидок е контра-референдум!

Од:

Дали власта и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски по носењето на одлуката на општина Центар да организира референдумот ќе организира контра-референдум за ГТЦ? Дилемата ја отвори порталот мкд.мк.

„Градскиот трговски центар, како објект во центарот на Скопје е во надлежност и на општина Центар и на град Скопје. Според законските одредби во случај на поклопување, се важи одлуката на повисокото тело, а тоа, во случајов е град Скопје. Дали Коце Трајановски ќе организира контра-референдум на референдумот на Андреј Жерновски?“, пишува порталот.

„По контра-протести, контра-пленуми и контра-стечајци, на повидок е и
КОНТРА-РЕФЕРЕНДУМ !!!“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

11117816_464687743702986_249916545_n

Советот на општина Центар, со ниту еден глас против, донесе одлука на 26.април, да се одржи референдум за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ.

Центар упати барање до Државната изборна комисија и до Општинската изборна комисија-Центар да спроведат референдум на локално ниво. 17 невладини организации застанаа зад иницијативата за зачувување на автентичноста на ГТЦ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец