Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија поради неговата улога во изгласување на спорниот ДУП за Водно

Од:

Зачудувачки е чинот на претседателот на Советот на Општина Центар, г-дин Мирослав Шиповиќ, да си поднесе оставка на крајот на мандатот, изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

„Тој во образложението вели дека поднесува оставка од лични причини, за подоцна да изјави дека тоа е заради лошата соработка со мене како градоначалник.

Не е точно дека тој ме чекал да го примам пред канцеларија, но точно е дека соработката беше нарушена од причини добро познати на јавноста. Имено, нарушувањето на соработката беше директна последица на донесувањето на ДУП-от за Водно од страна на советниците ВМРО-ДПМНЕ и добро познатата улога на претседателот Шиповиќ во исходот од гласањето. Да потсетам дека таквото негово однесување беше во спротивност со ставот на коалицијата, предводена од СДСМ.

На така изгласаниот ДУП, со кои се дозволи градење на десеткатниците на Водно, ставив вето и го оспорив на Уставен Суд. Но, оттогаш се поминати две и пол години, прашање е зошто го чекал крајот на мандатот за да поднесе оставка“ изјави Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува