Жерновски: Одлуката пред која сме исправени е поголема и поважна од меѓусебните партиски битки

Од:

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денес учествуваше на 15-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија – Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација.

Aмбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, како и пратениците членови на Мешовитиот комитет од Собранието на Република Македонија и од Европскиот парламент, заедно со Жерновски разменија мислења за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија

Заменик министерот истакна дека активностите на Владата на Република Македонија во изминатата година се одвиваа на два колосека: спроведување на длабоки и одржливи внатрешни реформи во владеењето на правото и градење на независни институции; како и обновување на македонската позиција во меѓународните односи, примарно преку унапредување на добрососедските односи.

„Особено треба да не’ радува фактот што проектот за интеграција во Европската унија не’ обединува по етничка линија и со тоа не прави уште посилни. Деновите кои ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме после 30-ти септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да не обедини сите“ потенцираше Жерновски на состанокот.

На состанокот се дебатираше за резултатите од Планот 3-6-9 и новиот реформски План 18, за прашања од владеењето на правото со акцент на изборните реформи, реформите во судството, во системот за разузнавање, борбата против корупцијата и организираниот криминал, работата на СЈО, состојбата во медиумите, добрососедските односи и регионалната соработка. Извештај за Дијалогот Жан Моне ќе презентираат европратениците кои се директно вклучени во процесот. На крајот на состанокот ќе бидат усвоени заеднички препораки.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија