Жерновски оди во централната власт и станува дел од партијата на Заев

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски се обрати преку својот Фејсбук профил, по повод локалните избори и повлекувањето на неговата кандидатура.

Почитувани граѓани на општина Центар, драги соборци и пријатели,

Како одговорен човек и политичар, секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка која ни претстои.
Во договор со премиерот Заев, одлучив да ја продолжам кариерата на висока раководна позиција во централната власт и да станам дел од партијата која тој ја предводи.

Со него имам одлична соработка и голема меѓусебна доверба и почитување. Токму затоа и решив да ја прифатам неговата понуда и заедно да продолжиме во нови победи.

Сакам да Ве уверам дека останувам посветен на Општина Центар и соработката со Вас.

Дозволете од се’ срце да Ви се заблагодарам за несебичната поддршка што ми ја дававте изминатите четири години како градоначалник на Центар. Ова беа истовремено најтешките, но и најубавите четири години од мојот живот, во кои искусив и научив многу. Во исклучително бурни времиња, успеавме да направиме многу за општината, но и за соборувањето на режимот на Никола Груевски.

Покрај сите притисоци, напади и опструкции, ги разобличивме сите злоупотреби на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, но и реализираме 230 проекти од интерес на граѓаните. Иако тие проекти се реализирани исклучиво од сопствениот буџет, односно со 0 денари поддршка од централната власт, во еден мандат направиме повеќе од тоа што во претходни мандати го направија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Јас и мојот тим на ова сме особено горди и знаеме дека сето ова немаше да биде возможно без огроманта поддршка која ја имавме од сите вас.

Искрено ваш,
Андреј Жерновски

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ