Жерновски: Оди си Никола и земи си ги своите министри со себе

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на својот Фејсбук профил, му порача на премиерот Никола Груевски да си оди и да си ги земе своите министри со себе.

zernovskistatus

„Слободата денес си го покажа лицето!

Во стоилјаден народ!

Штом пред вратата на страхоВладата дојде 100 илјаден народ, тој си ја освои слободата, ако имаше трунка страв-
го победи.

Стравот е сега внатре во Владата. Оправдано. Улогите се заменети.

Оди си Никола и земи си ги своите министри со себе. Ослободи не’ од себе. Не ти го велам тоа јас, туку народот собран и обединет под прозорот на твојот кабинет.

За слободна пролет 2015“, напиша Жерновски.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата