(ВИДЕО) Жерновски: Нови проекти од „Скопје 2014“ нема да има

Од:

Граѓаните на Центар нема да плаќаат 1,6 милиони евра за чување, заштита и користење на спомениците и фонтаните од проектот „Скопје 2014“ за наредните 4 години. Како што изјави градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, тој е горд на оваа заштеда.

„Сериозна работа е 400.000 евра да се плаќаат за одржување на спомениците и фонтаните, особено што наследив празен буџет. Овие пари ќе бидат наменети за новото училиште во Капиштец. Со ова се реализира предизборното ветување. Моја заложба е парите да не одат во споменици и фонтани туку во образованието“, рече Жерновски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се продолжи со поставување на споменици од проектот Скопје 2014 и дали меѓу нив се 4 споменика на албанските херои, Жерновски посочи дека имал средби со ИВЗ и со претставниците на ДУИ и дека на сите им е јасно кој сака да провоцира и кој намерно ги остави овие споменици.

„Нема ништо да преземам ново, но нема да стопирам нешто што е започнато. Никогаш не сум рекол дека ќе уривам нешто и никогаш не сум ги делел спомениците од историјата на македонскиот народ и другите заедници, но нови проекти од Скопје 2014 нема да има“, дециден е градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

 

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски