Жерновски: Ниту една власт не смее да го чепне ГТЦ, борбата продолжува

Од:

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски се заблагодари на жителите на Центар кои излегоа на референдумот и го дадоа својот глас за ГТЦ и најави дека битката продолжува и по овој резултат кој според него е најголем досега во општината.

– Сведоци сме на сценарио кои се повтори-притисоци на јавната администрација, префлање на гласачи од едно на друго место. Над 95 проценти од оние што излегоа на референдум гласаа за зачувување на автентичноста на ГТЦ. Тоа значи дека ниту една власт не смее да го чепне ГТЦ, тоа значи дека Центар го доби најголемиот резултат досега во општина Центар. За мене овој референдум е прв чекор на враќање на власта кон гласачите, а јас како градоначалник се ќе направам ГТЦ да остане како што е, рече Жерновски по завршувањето на референдумот за ГТЦ.

Според Жерновски на референдумот изглегле околу 40 проценти од вкупниот број на гласачи, а 95 проценти од нив се изјасниле деке не го признаваат барокот.

– Педесет проценти е многу во оваа и ваква ситуација, посебно со овој избирачки список каков што е, но и со притисокот од власта да не се оди на гласање што не можам никако да го разберам. Ова беше едно од средствата за зачувување на ГТЦ, ова беше надпартиско гласање сепак и барокот во Центар не може да помине, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно

Герасимовски: Заокружи го бројот 5 во недела, за континуитет, стабилност и развој на Центар

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите