Жерновски: Никој не е над законот, потпишав налог за ревизија за сите предмети со Вељко Хршум на Водно

Од:

„Нема да дозволам никој да биде над законот и да се однесува како што сака. Затоа денеска потпишав налог за ревизија за сите предмети во општина Центар кои се поврзани со инвеститорот Вељко Хршум“, вака одговори градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на синоќешната средба со жителите на Водно, кои побараа да се стави крај на самоволието и, како што тие тврдат, незаконското градење од Хршум.

Ревизијата, рече Жерновски, ќе покаже дали се легализирале дивоградби  и дали се издавани незаконски дозволи за градба.

 „Доколку се покаже инволвираност, нема да биде поштеден ниту еден вработен во општина Центар. Ако не го санционираме незаконското работење, тогаш граѓаните со право ќе кажат дека сите сме исти”.

Ова беше дел од разговорите на Жерновски на средбата со жителите на Водно, каде во последните две недели целосно се реконструирани улиците „Партениј Зографски“ и „Христо Чернопеев“, претходно нов изглед добија улиците „Тасино Чешмиче” и „Георги Скрижевски“.

Во план е реконструкција и на улиците „Караорман“, „Ганчо Хаџипанѕов“, „Капиштец“, како и преостанатиот дел од „Питу Гули“.

„На улицата “Христо Чернопеев” поставена е атмосферска и фекална канализација, како и нова водоводна цевка. Не верував дека на Водно постои улица без канализација“, рече Жерновски.

Жителите на Водно говореа отворено и бараа решавање на проблеми со сметот, осветлувањето и игралиштата. Договорено е се’ да се решава заеднички.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски