Градоначалникот на општина Центар. Андреј Жерновски, го подржува донесувањето на Законот за специјален јавен обвинител . Убеден е дека Груевски ќе направи се за да ја избегне правдата бидејќи спроведување на правдата значи негово спроведување во Идризово. Еве што напиша Жерновски:
Се враќа надежта.
„Една од големите партии“, онаа која не го почитуваше договореното од Пржино, денеска го доживеа еден од најголемите порази во историјата на своето владеење. Законот за специјланиот јавен обвинител е првиот посериозен чекор кон разрешување на политичката криза и враќање на владеењето на правото.
Би сакал искрено да ја поздравам одлучувачката улога на меѓународната заедница и работата на Питер Ван Хауте. Без нивна помош, Груевски никогаш немаше да дозволи ваква „оаза на правдата“, како што е специјалниот јавен обвинител. Јавно ја охрабрувам Катица Јанева да ја врши работата “согласно Уставот и законите”, и, конечно, да се потсетиме што е правда и правни институции во нашата држава.
Законот за СЈО не остава ни малку сомнеж дека меѓународнита заедница вистински има намера да го седне Груевски на обвинителна клупа. Со секоја одредба од овој закон се поразува Груевски и му се намалува моќта да влијае на работата на СЈО. Ова говори за ефикасноста на меѓународната заедница, но и ги прави празни надежите на Груевски дека САД и ЕУ нема да го гарантираат спроведувањето на договорот.
Но, сеуште ништо не е готово. Би сакал уште еднаш да им порачам на претставниците на меѓународната заедница одблиску да ја следат работата на обивнителот, но пред се’ процесите во судството во претстојниот период. Убеден сум дека Груевски ќе направи се’ за да ја избегне правдата, бидејќи спроведување на правдата значи крај на неговата политичка и почеток на една сосема поинаква кариера.
Исто така, сакам да им порачам на сите судии кои ќе бидат вклучени во процесите кои претстојат, дека правдата почна да се враќа. Време е сите оние од кои тоа зависи, да застанат на страна на вистината, за конечно да се вратиме на вистинската патека.