Жерновски – Кумуцакос: Двете земји се сојузници во битката со миграцијата

Од:

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска ја предводеше делегацијата на земјава на првиот Глобален форум за бегалци, што се одржува во Палатата на нациите во Женева.

На Глобалниот форум за бегалци учествуваат над 200 шефови на држави или влади, министри за надворешни и за внатрешни работи и други претставници на земји и територии од целиот свет. Форумот го отворија генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и високиот комесар на Светската органзиација за бегалци, Филипо Гранди.

За време на Глобалниот форум за бегалци во Женева, Жерновски имаше билатерална средба со грчкиот алтернативен министер за граѓанска заштита и миграциска политика Јоргос Кумуцакос, на која, како што соопшти Министерството за надворешни работи, се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, за имплементацијата на Договорот од Преспа, за европската перспектива на нашата држава, за миграциските текови, како и за внатрешно-политичките случувања.

– Како Влада сме целосно посветени на правилна имплементација на Преспанскиот договор, како и на Акцискиот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Република Грција и Република Северна Македонија. Тоа е основа за добрососедство и затоа треба да го искористиме нашето пријателство за бенефит за двете земји, за просперитет на граѓаните, но и за регионална и европска сигурност и безбедност, истакнал Жерновски.

На средбата станало збор и за текот на имплементација на договорот за отворање на граничниот премин „Маркова Нога-Лемос”, како исклучително важен за развојот на економските односи меѓу Северна Македонија и Грција.

– Жерновски и Кумуцакос се согласија дека двете земји мора да бидат сојузници во битката со миграцијата, но и со другите актуелни безбедносни предизвици и тенденции. Само со зацврстена доверба и зголемена размена на информации, безбедносниот амбиент ќе стане поповолен, а со тоа и напредокот и благосостојбата на двете земји, се наведува во соопштението.

Жерновски во продолжение на Форумот ќе оствари и други билатерални средби на кои фокусот ќе биде европската интеграција на државата, a ќе има и обраќање каде што ќе потенцира дека собирот е доказ дека меѓународната заедница е силно посветена на соработка и солидарност за ова прашање.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов