Жерновски: Ќе се кандидирам за Центар, очекувам поддршка на СДСМ

Од:

Градоначалникот на општина Центар реагира на написот во „Дневник“, во кој не била објавена негова изјава. Тој посочува дека влегува во трка за нов мандат за градоначалник на Центар и дека очекува поддршка за СДСМ.

Еве што напиша Жерновски:

ВМРО-ДПМНЕ очигледно уште не може да го преболи Центар.

Според последните резултати, јасно е дека ги чека убедлив пораз. Со текстови и шпекулации, како денешниот во „Дневник“, се обидува да направи поделби и гледа можност да профитира. Тоа нема да го дозволам, а верувам дека нема да го дозволи ниту СДСМ.

“Дневник” и новинарката Искра Коровешовска “заборавија” да ја вметнат мојата изјава, дадена за овој текст, со оправдување дека утре ќе ја објавеле. Бидејќи може да се случи утре да ја остават за задутре, еве денеска јас ќе го објавам мојот одговор по однос на овие шпекулации, па нека ја „преземат“ изјавата од Фејбук.

„Постапките во СДСМ за избор на кандидати за градоначалници и советници се започнати и ќе траат до средината на март. Од она што го знам, и што ме прави горд, јас сум предложен од речиси сите месни одбори. Денеска ќе ја предадам мојата програма, согласно партиските процедури. Исто така, според последните истражувања, две третини од центарци се задоволни од мојата и наша работа, а преку 60% би дале поддршка за повторна кандидатура. Тоа, за мене, претставува огромна чест, но и обврска.
Ја очекувам поддршката од СДСМ за мојата кандидатура и верувам дека така ќе биде“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски