Жерновски: Ќе протестирам за себе, за семејството, пријателите и за Тебе

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ги повика сите утре на протест во 14 часот пред Влада.

Посочи дека сите лути, несигурни, уплашени и несреќни, утре се на протест.

Еве што напиша Жерновски:

zernovskistatusmars

Ќе си дојдеме по своето право на бестрашност, сигурност и среќа. Драги пријатели, утре е многу важен ден.
Резиме на повеќемесечниот револт, заклучок од лекциите кои едни од други ги научивме. Утре е многу важен ден за студентите, учениците и професорите, за работниците, лекарите и адвокатите. Ден кога ќе се разбудиме еднакви, кога сите групи и колони ќе се слеат во една и единствена, необележена.

Нема да биде важно кој е кој, туку зошто се слеал во поворката која води кон иста цел: слободата!

Сами ќе си ја земеме, штом не ни ја даваат. Си ја бараме назад!

Право на одлучување, мислење- право на живот.

Знам дека утре улиците ќе бидат полни. Знам дека и од Битола и од Гевгелија, од Штип, и од Охрид и Тетово ќе дојдат луѓето со истата цел. Улиците околу владата ќе ги формираат зраците од сонцето на нашето знаме, под кое сите ќе бидеме едно.

Обесправени, игнорирани, заборавени, судени, следени, сите утре ќе дојдеме по своето право на живот. Сите лути, несигурни, уплашени и несреќни, утре сме на протест. Ќе си дојдеме по своето право на бестрашност, сигурност и среќа. Не се бара партиска книшка, возраст, социјален статус и националност за да се влезе во оваа колона против режимот, чија бескрајност ќе каже многу повеќе од сите кажани и некажани зборови.

Ќе протестирам за себе, за своето семејство, пријатели и за Тебе. Студенту, ученику, професоре, кој и да си, од кој крај и да си. За нашата земја која заслужува подобра држава. Ќе бидам таму! Биди и ти таму за своето семејство, за себе, за сите нас.

За слободата.

Доаѓам! Доаѓаме!

Дојди и ТИ!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите