Жерновски: Ќе направам се’ ГТЦ да не добие барокна фасада

Од:

„Ова не е во наша надлежност“, ова беше одговорот на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на новинарско прашање каков е ставот за огласот за јавно-приватно партнерство за барокна фасада на ГТЦ.

„Барокот е една од работите за кои не се согласуваме со градот. Јас имав средба со станарите во кулите кои се наоѓаат кај ГТЦ. Ќе направам се’ ГТЦ да не добие барокна фасада“, одговори градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Редовната 11-та средба во скопските општини, Град Скопје денеска ја имаше во општина Центар.

Ова, оцени градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, се добри средби, бидејќи јавните претпријатија на овој начин се приближуваат до граѓаните и тие ги чувствуваат како свои.

„Јавните претпријатија во овие три дена работеа во општина Центар. Доколку не се завршат сите работи во одредениот рок, ќе се продолжи со акцијата. Тука сме со ЈП „Паркови и Зеленило“, ЈП „Комунална Хигиена“, се миеја улиците, тротоарите“, изјави Трајановски.

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, изјави дека познати се односите меѓу градот и општина Центар. Нив ги знаат и јавноста и медиумите и граѓаните.

„Има работи за кои што се согласуваме, но има работи за кои немаме заеднички став. Иницијативата ја поздравувам и ќе се трудиме да соработуваме што е можно повеќе, бидејќи сите градоначалници се избрани да работат во интерес на граѓаните“, изјави Жерновски.

Во рамките на акцијата се одржува и средба на раководителите и директорите на јавните претпријатија.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски