Жерновски го тужи Јакимовски за навреда и клевета

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски го тужи градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски за навреда и клевета.

„Во врска со објавеното интервју на Г-дин Стевчо Јакимовски, во дневниот весник „Вечер“ на ден  18.11.2014 година, под наслов:„Жерновски ноќе плаче по амбасади – дење прави инциденти!“, најавувам дека, после повеќе изречени навреди и клевети на разни начини и во разни прилики на кои не сакав да одговорам, препишувајќи го сето тоа на стилот и начинот на кој Г-дин Јакимовски се пресметува со сите кои не мислат и не дејствуваат како него, овој пат ќе поднесам тужба пред надлежниот суд, со која ќе барам да се утврди неговата одговорност за клевета и навреда, согласно на одредбите од Законот за граѓанска одговорност, за изјавените  клевети, навреди и инсинуации во споменатото интревју, со цел, односно со намера да наштети на мојата чест и углед како личност, градоначалник  и како претседател на политичка партија.

Секој носител на јавна функција (политичар) мора да има повисок праг на толеранција кон изречени ставови и критики од јавноста, но во наведениот случај, Г-динот Стевчо Јакимовски, со своите навреди и клевети,  ги премина сите граници“, се вели во соопштението од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски