Жерновски: Груевски не смее со трикови да се спаси од праведен судски процес

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на својот ФБ профил, објави став за специјалниот јавен обвинител, кај кого е   клучот за победа на опозицијата на предвремените парламентарни избори во април 2016.

Еве што напиша Жерновски:

andrejzernovski1

Клучот за победата на опозицијата на следните избори лежи во специјалниот јавен обвинител и неговата улога во претстојниот период. Доколку нему му се обезбедат соодветни соработници, како и услови за непречено, професионално и ефикасно вршење на својата работа, тој низ повеќе процеси може да го потврди и процесуира криминалот од објавените разговори.

Досега не сме биле сведоци на ниту еден започнат судски процес против челниците на ВМРО ДПМНЕ и Груевски, па доколку тоа се случи, може слободно да сметаме на крај на владеењето на Груевски и дефинитивен пораз во април следната година.
Околу ова ќе се кршат копјата во септември и токму оваа точка може да биде првата сопка на реализација на договорот.

Затоа, отворено ја повикувам меѓународната заедница, будно да го следи целиот процес, но со посебно внимание да ги надгледува преговорите околу изборот и работата на специјалниот јавен обивнител. Јас лично очекувам сериозни опструкци во работата на обвинителот, кои ќе мора да бидат нотирани од ЕУ и навремено отстранети. Опозицијата, исто така, не смее да дозволи уште еден трик и маниуплација на Груевски, кој, како и секогаш, во јавноста ќе глуми конструктивност и посветеност, додека во позадина ќе направи се’ да се спаси од праведен судски процес.

Да не заборавиме, оваа криза настана токму поради тоа што Груевски и неговите беа фатени во тежок криминал. Треба и мора да се покренат обвиненија, почнувајќи од нелегалното прислушување, тешките злоупотреби на власта, криминалните тендери, корупцијата, па се’ до прикривањето на убиства.

Со договорот на кој тој стави потпис, а го гарантира ЕУ, специјалниот обвинител мора ова да го процесуира. Само така ќе започне толку неопходнот процес за враќање на довербата во системот и неговите институциите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар