Жерновски ги повика приврзаниците да гласаат за кандидадот на СДСМ

Од:

По 4 години работа на локално ниво, Андреј Жерновски одлучил активноста да ја префрли на централно ниво и затоа, изјави, разговарал со премиерот Заев.

„Таа одлука ја донесовме заеднички. Овој градоначалнички мандат никогаш нема да го заборавам. Тоа беше мандат исполнет со турбуленции, притисоци, уцени. Тоа беа најтешките, но и најубави години во мојот живот“, рече Жерновски, заблагодарувајќи им се на жителите на Центар.

Посочи дека тој и неговиот тим се гордеат со постигнатите резултати.

На прашањето дали приврзаниците ќе ги повика да гласаат за кандидадот за СДСМ, Жерновски одговори дека се уште не знае кој ќе биде кандидадот за Центар.

„Без разлика кој ќе биде кандидат, приврзаниците ќе ги повикам да гласаат за опцијата која носи добро во Република Македонија и мојата одлука да работам на централно ниво е затоа што ги гледаме сите оние промени што настануваат во Република Македонија. Македонија конечно оди напред. Таа поддршка oд центарци никогаш нема да ја заборавам и останувам отворен секогаш за контакт со моите сограѓани. Секогаш кога ќе можам ќе помогнам. Договоривме со премиерот да помагам во работата на идниот градоначалник. Тој секако ќе си има своја програма, но и со моето искуство и проектите кои ги започнавме и се гордееме, да продолжат понатаму“, рече Жерновски.

Жерновски и Заев не разговарале конкретно на која позиција ќе оди, како што самиот рече, слуша разни шпекулации, само разговарале да земе учество во централната власт.

„Сметам дека можам да помогнам со моето искуство, затоа што имам искуство и од таа власт. Се надевам дека тоа ќе биде успешна промена, затоа што локалната власт секогаш ќе ми остане во срце и не кријам дека можеби некој ден повторно ќе бидам на ваква или на некоја слична фукнција“, рече Жерновски.

Како што посочи, во Македонија има сериозен исчекор. За прв пат на избори гласаа Албанци, Турци, Роми, за, условно кажано, една етничка македонска партија. Тоа, според Жерновски, е потребната и неопходна формула за просперитетна иднина за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски