Жерновски: Доста со безмилосна распродажба, грабеж и самоволие на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Сојузот за иднината“ бара  да запре  безмилосната распродажба и грабеж, зошто велат, на граѓаните им е доста од самоволието на партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за транспорт и врски вчера ја продаде градежната парцела, на која во моментов се сместени  бараките на Општина Центар. За атрактивниот простор во центарот на Скопје, со површина од 7.528 метри квадратни инвеститорот  ќе  плати  само 370 илјади евра. На ова место се предвидува да се изгради  зграда со 15 ката чија висина ќе биде околу 55 метри, укажа кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Од целокупниот простор 51% со површина од 31.000 метри квадратни ќе биде наменет за локалната администрација на Центар, додека преостанатите 49% околу 30.000 м^2 деловен простор  ќе  ги користи  инвеститорот, а ќе бидат наменети за мали комерцијални и деловни дејности како и за големи трговски единици и големи угостителски објекти.  Покрај ниската цена која ја платил за парцелата идниот градител на објектот е ослободен и од плаќањето на комуналиите. По комплетирањето на постапката, предвиден е рок од 12 месеци за обезбедување одобрение за градење и временски период од 6 години од денот на добивањето на градежната дозвола за завршување на објектот.

Жерновски праша колку профит ќе оствари мистериозниот купувач на земјиштето, патем ослободен од комуналиите, од продажбата и стопанисувањето со комерцијалните објекти изградени на овој простор. Ако Министерството за транспорт и врски го продава земјиштето според критериумите утврдени со правилникот донесен од Владата, во кој меѓу другото е утврдена и почетната цена, тогаш според кои критериуми почетната цена за ист ваков објект во Општина Аеродром е 5000 денари, а во Центар  само 2800 денари?

Индикативно е ,рече, зошто Општината Центар и покрај тоа што ги исполнува сите услови е меѓу ретките општини што не го презеде управувањето со неизграденото државно земјиште.

За овој проект, покрај барањето на опозициските советниците, Советот на Општината Центар не само што не расправал, туку и не бил запознаен ниту со неговото  идејно решение, ниту со сумата на чинењето.

„Ако го имаме предвид фактот дека Општината Центар е цели 12 години раководена од Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, се поставува прашањето зошто токму сега, на неколку месеци пред одржувањето на Локалните избори, партијата на власт се одлучи на ваков чекор?Одговорот е повеќе од јасен. Соочени со сознанието за огромното незадоволство на граѓаните и за поразот кој ќе го доживеат на изборите во март, повеќе од очигледна е намерата на централната и локалната власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, непосредно пред локалните избори да распродат се’ што може да се продаде и тоа по багателна цена.Откако на граѓаните , буквално,  им го одзедоа, секој слободен простор, ги исекоа дрвјата, го уништија зеленилото и најдрско и  безобразно ја зграбија половина од улицата Македонија пред хотел Бристол, сега  пред Градскиот парк, во срцето на легендарното Дебар маало, ќе подигнат петнаесеткатница.Бараме веднаш, без одлагање, да запре оваа безмилосна  распродажба и грабеж, зошто на граѓаните им е доста од самоволието на партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Мишиќ: Итни и конкретни чекори за безбедни улици сега, не утре

А1он

Јакимовски: Итно затварање на скопската Зоолошка градина и одговорност од надлежните

Собраниската Комисија за транспорт не го усвои амандманот на пратеничката Зајкова за преполовување на месечниот надомест на членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти од 41.900 на 22.500 денари

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Брнабиќ: Србија е единствената земја во светот каде опозицијата не сака избори

Меѓународна канцеларија на ЛДП: Додик да се стави на црна листа во Македонија