Жерновски до Транспорт: Зошто не одговорите кога ќе го вратите градежното земјиште?

Од:

Реакцијата на Министерството за транспорт и врски, на прес конференцијата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на која градоначалникот посочи дека атрактивна градежна парцела во градскиот парк во Скопје е продадена за само 40 евра по метар квадратен, содржи се’ освен одговор на главното барање – враќање на државното земјиште во владение на граѓаните и општината. Зошто општина Центар е единствената општина во Р. Македонија која го нема во владение ова земјиште?

Оваа одлука за враќање на земјиштето беше едногласно донесена во Советот на општина Центар, во февруари 2014-та и оттогаш од Министерството за транспорт и врски молчат и покрај ургенцијата што општината ја испрати до нив.

Ниту во денешната реакција, како и во текот на целата 2014-та година,  не одговараат кога граѓаните на општина Центар ќе го добијат земјиштето.

Инаку, градоначалникот Жерновски не е против изградба на спортски терени, како што Министерството за транспорт и врски се обидува да го изврти јасниот став, но е против криминално раскрчмување на атрактивното градежно земјиште по багателни цени“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал