Изминаа точно три години од вандалскиот упад во општина Центар. Група луѓе, организирани од некоја невладина „Веритас“, наводно ја бранеа црквата и верата од тукушто избраниот градоначалник Андреј Жерновски и советничката група предводена од СДСМ. „Верниците“ не ни знаеја зошто се тука, но настана тепачка за да се добие сендвич повеќе. Во опасност беа доведени животите на градоначалникот, советниците, администрацијата, медиумите и амбасадорите кои дојдоа да видат што и кој ја уништува општината.
По многуте ургенции од страна на градоначалникот, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, не успеа да препознае ниту еден од вандалите, иако имаше некои кои се сликаа и со неа и со екс премиерот Никола Груевски, а истата личност беше и делегат на Конвенцијата за избор на Иванов за претседател. Некои од лицата од снимките кои ги емитуваа медиумите протестираат за сите поводи.
И по три години се гледа дека луѓето беа намерно изманипулирани, и дека црквата се гради на улица Македонија и никој не сакал да ја руши црквата. Еве што му напиша жерновски на Чавков:
Почитуван министре Чавков,
Дали снимате уште и како оди снимањето на протестите? Верувам дека се’ е документирано во однос на протестите на “Шарената револуција”. Гледам, сте подготвиле доста кривични и прекршочни пријави.
Вашата остра политика во однос на вандализирањето на гипсот веќе е надалеку позната. Затоа, решив да ја пробам среќата и да ви доставам уште една, постара снимка од вандализирање на државна институција.
На денешен ден, 7 јуни 2013-та, пред точно 3 години, беше брутално вандализирана општина Центар, при што беше посериозно повреден еден советник. За чудо, тогаш вашата колешка Гордана Јанкуловска не можеше да препознае никој на снимкиве. Но вие, како експерт за снимање и казнување на вандализмот, убеден сум дека ќе препознаете некој вандал и ќе го казните.
Однапред ви благодарам.
Андреј Жерновски