А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жерновски до Алијансата за мултилатерализам: На најголемиот здравствен предизвик дадовме здрав одговор

by А1он27/06/2020 - 11:3927/06/2020 - 11:39255
Share0

Под заедничко претседателство на министрите за надворешни работи на Франција и Германија, Жан-Ив Ле Дриан и Хајко Мас, се одржа министерски состанок на Алијансата за мултилатерализмот, на кој учествуваше и заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, информираат од Министерство за надворешни работи.

Следете a1on на Instagram Instagram

На овој настан учествуваше и генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебриезус.

Министерскиот состанок беше посветен на зајакнување на мултилатералната здравствена архитектура и механизмите за спречување идни кризи, како и борбата против ширење дезинформации (Infodemics) во контекст на COVID-19 пандемијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во своето обраќање, заменик министерот Жерновски ја пренесе силната поддршка која Северна Македонија и го придава на мултилатерализмот, подвлекувајќи дека меѓународната соработка е клучна во решавање на предизвиците во ова време кога COVID-19 продолжува да биде смртоносна закана за луѓето.

– Ние ги поддржуваме сите иницијативи кои повикуваат на колективен одговор кон пандемијата, преку ефективен мултилатерализа и со централна улога на ООН во борбата против кризата и справувањето со нејзините последици, истакна Жерновски.

Тој посочи дека здравствената и економска криза со која се соочува глобалната заедница, ќе има долгорочни негативни реперкусии врз животите и егзистенцијата на сите луѓе во светот.

Затоа, тој повика на почеста и позасилена координација и соработка на сите инволвирани чинители како ООН и здравствени и хуманитарни организации вклучувајќи ги локалните, национални и меѓународни невладини организации за контрола и ублажување на COVID-19.

СЗО, според него, мора во овој период да биде водечка агенција за здравство на ООН и главен советник за техничка и здравствена политика во светот за ограничување и намалување на СОВИД-19.

На крајот од својот говор, Жерновски акцент стави и кон улогата на секој поединец во ширењето на дезинформациите околу пандемијата COVID-19.

– За цело време на траење на пандемијата, како институции покажавме зрелост и во рамките на своите надлежности работевме во интерес за секој еден граѓанин. Им застанавме цврсто на патот на лажните вести поврзани со коронавирусот, кои ако не ги превенираме можат да создадат несогледливи последици и консеквенции по здравјето на луѓето. Македонската Влада на овој најголем здравствен предизвик даде здрав одговор, рече Жерновски.

mnr

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Предраг Петровиќ15/06/2026 - 16:03

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:0412/05/2026 - 17:17

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео