Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Од:

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Брнс при што разговараа за соработката меѓу двете земји, за напредокот на Република Северна Македонија во процесот за членство во НАТО и ЕУ, како и за прашањата кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот.

Станало збор и за глобални актуелни теми од значење на светскиот мир и благосостојбата.

Како што соопшти МНР, на средбата е потврдено дека Северна Македонија и САД успешно го одржуваат и зајакнуваат воспоставеното стратешко партнерство во интерес на граѓаните на двете земји, како и во остварувањето на заедничките цели за демократски просперитет на регионот и во заедничките акции во борбата против тероризмот.

Жерновски, во разговорот со амбасадорката Брнз, се посочува, изрази благодарност за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во американскиот Сенат, што е од особена важност во заокружувањето на овој процес за полноправно членство на нашата земја во НАТО.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија