Жерновски: 26-ти април е историски ден, излезете и гласајте на референдум за ГТЦ

Од:

Граѓаните во општина Центар на 26-ти април за прв пат ќе може да одлучуваат на референдум од локален карактер.

Затоа, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на средбата со жителите на Капиштец ги повика да излезат и да гласаат на референдумот, изјаснувајќи се дали се „за“ зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.

Sredba so gragjani - Kapistec - 15.4 (3)

„Ова е историски момент бидејќи граѓаните за прв пат во општина Центар ќе гласаат на референдум. Не сум тука да држам политички говори и да ве убедувам како да гласате, туку само да Ве повикам да излезете на 26-ти“, рече Жерновски.

Sredba so gragjani - Kapistec - 15.4 (2)

„На прашање од граѓаните како и каде се гласа, градоначалникот на општина Центар појасни дека ќе се гласа на истите места кај што се гласа за парламентарни, локални и претседателски избори. Избирачките места ќе бидат отворени од 07:00 – 19:00 часот.

На избирачкото ливче ќе стои референдумското прашање и опцијата за гласање „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Sredba so gragjani - Kapistec - 15.4 (1)

На средбата голем интерес од граѓаните за работата и плановите на општината, за сите проблеми, предлози за поквалитетен живот и иницијативи, како и за функционирањето на паркинзите, жителите на овој дел од Центар закажаа директни средби со надлежните во општината и директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ“, се вели во соопштението на Општина Центар.

 

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски