Женскиот глас на снимките е блиска соработничка на Мицкоски, вработена кај Камчев

Од:

Ексраководителката во Агенцијата за вработување, придружник на Христијан Мицкоски во странство, а сега вработена во болницата „Систина“, Слободанка Алексовска, е третата личност чиј глас се слуша на новообјавените аудиоснимки од разговорите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, и Зоран Милески-Кичеец. „А1он“ се обиде да стапи во контакт со Алексовска за потврда на информацијата, но таа не одговори на нашите повици и на прашањата испратени по СМС. Гласот на Алексовска се слуша во текот на разговорите меѓу Кичеец и Мицкоски како го потврдува веќе кажаното, но и како го дополнува тоа што претходно го кажува Кичеец.

Запрашан дали Алексовска била на средбата од која аудиоматеријал беше објавен на „Јутуб“, Кичеец за „А1он“ ја потврди информацијата.

Од профилот на Мицкоски на „Фејсбук“ може да се види дека Алексовска го придружувала на патување во февруари 2018 година кога неколку дена престојувале во работна посета на САД.

Заедно со партиска делегација во која се Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Слободанка Алексовска ќе оствариме…

Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 06 февруари 2018

Фотографијата и објавената информација на веб-страницата на ВМРО-ДПМНЕ е избришана, но, на неа, и натаму стои нејзината слика, како и името и презимето.

Сега, Слободанка Алексовска работи во „Систина“,  каде што, според веб-страницата на болницата, е директор за човечки ресурси. Орце Камчев, пак, е претседател на Одбор на директори во „Систина“. Нејзин сопруг е Оливер Алексовски, ексначалник на Шестата управа при МВР, кој на 24 декември 2012 дал наредба пратениците да се исфрлат од Собранието. Сега и тој работи во „Систина“ на раководна функција поврзана со обезбедувањето на објектите.

Алексовска ѝ е веќе позната на јавноста и по говорот во 2016 година на протестот пред Државната изборна комисија: „Па и Ќосето, и Даме Груев, и Никола Карев, и Гоце Делчев и сите неспомнати војводи живеат во душата на секој од нас. И нивната поборничка крв тече низ нашите вени“.

Алексовска е и поранешен раководител на Центарот за вработување на Град Скопје за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а за неа јавноста во 2017 слушна како трошела службени пари за купување машки чорапи, влажни марамчиња, козметика, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца од јапонска потполошка, напивки од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци. Истата година против Алексовска била поднесена и кривична пријава за кражба на харддиск од Агенцијата за вработување.

Слободанка Алексовска беше и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, во времето кога градоначалник беше Коце Трајановски. Таа се појавуваше на партиски прес-конференции каде ги критикуваше политиките на СДСМ.

Во првиот аудиоматеријал објавен на „Јутуб“ се слуша како Алексовска разговара директно со Мицкоски обраќајќи му се со „претседателе“. Мицкоски вели: „Да прашам за пиење – вода, сок?“, а Алексовска вели: „Ништо, јас од кафана доаѓам. Зоки, ти? Јас вака дотерана, ама на роденден бев, сега да ми извините“. Мицкоски и Алексовска во преостанатиот дел од разговор зборуваат за неговата посета на штабот на СДСМ во Охрид.

Во вториот разговор, каде што се разговара за претстојните претседателски избори во 2019 година, се слуша како Алексовска се надоврзува на тоа што го кажува Кичеец додека му дава објаснување на Мицкоски.

Автентичноста на снимките во изјава за „А1он“ ја потврди Зоран Милески-Кичеец, а досега не ја оспори ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Христијан Мицкоски. Кичеец рече дека снимките се од состанокот на 14 април минатата година, на кој разговарале за изборите во Охрид и за негово помагање.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ

Мицкоски: На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ

Горан Наумовски

Мицкоски: Пендаровски пет години не даде став, а вели осудувал криминал, дали сте го слушнале да ги осуди ДУИ или тоа за него се чесни политичари?

Горан Наумовски

Мицкоски од Дојран: Оставаа чевли пред македонската влада, а во седумгодишното владеење на СДСМ, бројот на чевли чии сопственици се иселиле е за 10 пати зголемен

Горан Наумовски

Мицкоски: На Македонија и се потребни промени, овие избори се шансата за тоа