Женски труп пронајден во Кичево

Од:

Женски труп во фаза на распаѓање вечерва е пронајден во Кичево, во близина на хотелот „Панорама“, јавува Курир, повикувајќи се на полициски извори.

Според информациите на порталот, постојат сомневања дека починатата е Французинката Валери, бидејќи биле пронајдени патики, чанта, облека и други предмети кои се слични и наликуваат на описот на предметите кои на себе ги носела таа дента кога исчезнала, а биле опишани од нејзиниот сопруг.

Исчезнувањето на Валери беше пријавено на 25 јули, а за информација околу нејзиното пронаоѓање, нејзиниот сопруг пред неколку дена понуда парична награда во износ од 5.000 евра.

Од полицијата за порталот изјавиле дека сè уште нема потврда за идентитетот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски