ВИДЕО: Жените маршираа извикувајќи „Не сакаме цвеќе, сакаме права“

Од:

Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено, маршираме да покажеме дека веќе не толерираме празна реторика, не прифаќаме само декларативно залагање за родова еднаквост – вака започна прогласот за третиот марш за права на жените и родова еднаквост кој се одржа под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“.

Маршот за правата на жените тргна од паркот Жена борец, па преку Центар до плоштадот „Филип II“. Притоа активистките за женски права гласно извикуваа „не сакаме рози, сакаме права“.

Главните барања што жените ги упатија до власта се итно и неодложно да се донесат три закони со кои ќе се подобрат нивните права – закон за прекин на бременоста, закон за спречување и заштита од дискриминација и закон за социјална заштита.

Снешка Илиќ од платформата за родова еднаквост изјави дека нема повеќе да толерираат залагање за рамноправност на жените само на хартија.

„Жените и понатаму се неактивни на пазарот на труд, иако се повеќе образувани од мажите. Насилството врз жените и девојките е жална реалност во нашето општество. Стереотипите и омразата се присутни не само во приватната, туку и во јавната сфера“, истакна Илиќ од невладината организација „Ректор“.

Салија Бекир Халим од иницијативата на жени од Шуто Оризари порача да престане дискриминацијата врз Ромките во сите сфери.

„Упатувам повик до државата веднаш да презеда конкретни мерки, да им стави крај на малолетничките бракови, на незаконската наплата од страна на матичните гениколози и да се донесе законот за заштита до дискриминација“.

Во имеето на жените фармери се орати Валентина Пармачка од национлната федерација на фармери. Таа рече дека жените земјоделки се најдискриминирани во општеството.

„Жените фармерки се дискриминирани и во законско решение. Недозволиви се барањата во програмата за рурален развој со која се бара жената да е во брак, да има родено едно дете, да е невработена, домаќинка и да живее на село. Оваа е дискриминаторска мерка, бараме власта да ја исправи“, нагласи Пармачка.

Протестниот марш го организира платформата за родова еднаквост во која членуваат 22 невладени организации. На маршот протестираа министрите Дамјан Манчевски и Мила Царовска, а меѓу нив присутна беше и Гордана Силјановска Данева, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

„Држава што не постапува е држава што силува“ – протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената

Жарко Настоски

Спасовски: Горд сум што има повеќе жени во полицијата и во командните структури

Жарко Настоски