Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Од:

Жена загина во сообраќајна несреќа што вчера вечер се случи во центарот на Охрид.

Според првичните информации, жената била прегазена на тротоар кога во неа удрило возило „голф“.

Несреќата се случила на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај поранешниот Мини Маркет, кога возачот на „голфот“ преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда, изгубил контрола и завршил на пешачката зона, притоа удирајќи во две лица. Тешко повредената 44-годишната охриѓанка им подлегна на повредите, додека нејзиниот сопруг после примената медицинска помош со телесни повреди своеволно ја напуштил болницата.

Причините за околностите што довеле до несреќата ќе ги утврди истрагата.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски