Жена се обиде да се самоубие скокајќи од карпите кај Канео во Охрид

Од:

Жена на средовечна возраст доцна попладнево се обидела да се самоубите со скокање од една од карпите кај локалитетот Канео, според кажувања на очевидци.

Жената скокнала од карпата, но луѓето кои биле во кајчињата под карпата веднаш реагирале, ја извадиле од езерото навреме. Таа давала знаци на живот и веднаш била префрлена во Општата болница во Охрид.

Засега не се знае со какви повреди се здобила жената, но постои надеж дека таа ќе преживее. Кои се причините за скокањето се уште не се знаат.

Ова не е прв случај во кој жена се обиде да си го доземе животот скокајки од карпа кај Канео.

Последниот случај беше на 15 март кога тројца охриѓани успеаја да спасат жена која се обиде да се самоубие скокајќи од карпа кај месноста Лабино.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он