Жена прегазена од сопругот во струшко Враништа

Од:

62-годишната М.Ш. од струшкото село Враништа синоќа го загуби животот откако била прегазена од семејниот автомобил со кој управувал нејзиниот сопруг В.Ш.

МВР информира дека незгодата се случила околу 18 часот и 20 минути во Радожда, кога М.Ш. и нејзиниот сопруг тргнале да си одат од домот на С.Г.

Нејзиниот сопруг, како што појасни полицијата, не можел да го запали автомобилот „Фиат“, па сопругата и С.Г. го туркале по блиската нагорнина за да го стартува возилото.

– Во еден момент возилото почнало да се враќа назад, а В.Ш. не можел да го сопре, бидејќи сопирачките не му работеле, по што жената била прегазена. Починала на пат кон струшката Болница, соопшти МВР.

Полицијата извршила увид на местото на незгодата и по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадена на семејството за погреб.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска