Со секира и со тупаници, кратовчанка, била нападната и претепана од својот девер.
Сето ова се случувало пред очите на полицајците кои биле повикани за да го смират насилникот.
Деверот дошол во куќата, каде жената седела во дворот. Почнал да вика, да ја навредува, таа избегала дома. Разбеснетиот насилник потрчал по неа и почнал да ја удира со дрвената рачка на секирата по целото тело.
Во тој момент пристигнала полицијата, но насилникот не престанал и продолжил да ја удира.
Полицајците успеале да го совладаат, а на пат кон полициската станицата со лактот успеал да го скрши стаклото на полициското возило. Против насилникот ќе биде поднесена пријава.