Жена паднала од тераса во центарот на Скопје

Од:

34-годишна жена, која според полицијата имала здравствени проблеми, вчеравечер е тешко повредена откако паднала од тераса на тротоарот на улицата „Димитрија Чуповски“ во строгиот центар на Скопје, информираат од МВР.

“На 22.07.2021 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Т.С.(34) од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса. Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош“, велат од полицијата, откаде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син