Жена од Студеничани осомничена дека го убила својот сопруг

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Убиство.

Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата која била оставена во близина и му задала три удари со сечивото, нанесувајќи му повреди кои предизвикале смртен исход кај оштетеното лице.

Ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Горан Наумовски