Жена од Србија во понеделникот вечерта починала на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
Педесет и осумгодишната жена заедно со својот сопруг во понеделникот окоу 19 часот се пријавиле да патуваат за Цирих, Швајцарија.
По извршена пасошка контрола им било дозволено да остварат излез од Македонија и биле упатени на ПДЗ контрола на „капија 201“.
Таму на жената и се влошила здравствената состојба, по што била повикана медицинската екипа од аеродромот, кои ја пренеле во амбулантата на граничниот премин за да и пружат медицинска помош.
И покрај укажаната прва помош во 20.15 часот жената починала. Бил извршен увид на местото на настанот од страна на екипа на СВР-Скопје. Телото на починатата е пренесена во Судска медицина за обдукција.