Жена од Берово поттикнала омраза и насилство со објава на Фејсбук, кривична пријава доби и нејзин сограѓанин кој коментирал

Од:

Жена и маж од Берово заработија кривични пријави, бидејќи на социјалните мрежи ширеле расистички и ксенофобични материјали по пат на компјутерски систем. Од СВР-Штип, во соопштение наведуваат дека Одделението за внатрешни работи Берово до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против 32-годишната В.Н. (32) од Берово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г од Кривичниот законик.

-Пријавената на 11 јануари 2021 година по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавила ксенофобичен материјал, со кој поттикнала омраза, дискриминација или насилство, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Во него се наведува дека Одделението за внатрешни работи во Берово поднесе кривична пријава и против 39-годишниот Б.С. од Берово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г, ст. од Кривичниот законик.

Пријавениот, исто така на 11 јануари по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар на пост на фејсбук профилот на 32-годишната В.Н од Берово, со кој поттикнал омраза, дискриминација или насилство.

Според Кривичниот законик, за вакво сторено кривично дело, судот може да изрече казна затвор од една до пет години.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он