Жбогар: Очекувам буџетот да се донесе како што го предложил градоначалникот Таравари

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го прими денес во неговиот кабинет на шефот на дипломатијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.

По средбата, двајцата соговорници на прес-конференција одржана во прес-центарот на општината рекoa дека средбата поминалa во мошне пријателска атмосфера и дека разговарале за заеднички проекти кои се во тек, оние кои наскоро ќе започнат да се спроведуваат, како и за потенцијални проекти кои би ги добила Општина Гостивар, а се финансираат преку разни фондови на Европската унија.

„Ми беше посебна чест и задоволство денес да ми биде гостин евроамбасадорот Жбогар. Разговаравме со него за актуелната состојба во Гостивар и за заеднички проекти со Европската унија. Го информирав г. Жбогар дека утре во десет часот ќе биде седницата на Советот и се очекува дефинитивно буџетот да биде усвоен, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани”, изјави за медиумите градоначалникот Арбен Таравари.

„Задоволството за денешната средба беше мое. Се познавам со г Таравари ушпе пред да биде избран за градоначалник, дури и пред да стане министер за здравство. Се сретнавме за прв пат во болница кога го посетивме господинот Села по нападот врз него на 27-ми април. Како што посочи и градоначалникот Таравари, разговаравме за проекти за кои може да апчлицира и да ги добие општината”, истакна Жбогар.

Евроамбасадорот, исто така, информираше дека на средбата разговарале и за состојбата во општината во однос на буџетот.

„Општината треба да се развива, да се градат градинки во кои ќе бидат сместени децата. Затоа се надевам дека општинскиот буџет ќе биде усвоен утре, и тоа во рамката која ја предлага градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари”, подвлече Жбогар.

Во рамки на посетата, евроамбасадорот Жбогар и градоначалникот Таравари, заедно со своите соработници, се прошетаа низ град Гостивар.

Би можело да ве интересира

Автомобил паднал во Лакавичка река – тешко повреден возачот и негов сопатник

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар

А1он

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари