Жбогар: Македонија доби многу подобар извештај од претходните

Од:

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес-конференцијата по објавувањето на извештајот за Македонија во Стразбур.

– Им честитам на граѓаните на земјата за правењето многу важен чекор напред, а тоа е добивањето чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа не беше лесно за земјата која помина тешки моменти изминатите години. Мислам дека со заеднички напори на сите кои се чинители во државата, Парламентот се подобри, Владата се ангажираше во сите области што се посочени во нашиот извештај. Сето тоа е одразено во нашиот извештај и како резултат на тоа Комисијата даде препорака, остакна Жбогар.

Додаде дека се очекува реформите да продолжат и да се продлабочуваат како што е наведено и во препораките за да можат земјите членки да бидат убедени за да отпочнат преговори.

На прашањето откако земјите постигнаа напредок и добија препорака, како Европската комисија ќе испорача за Македонија доколку не се реши спорот за името, амбасадорот Жбогар нагласи дека името во самиот извештај е дефинирано како нешто што треба итно да се реши.

– Добрососедските односи се важен принцип во извештајот и е дефинирано како нешто што мора итно да се реши, да се работи на тоа. Комисијата е охрабрена од дискусиите што се одвиваат во разговорите и од преземените мерки за доверба. Преименувањето на аеродромот и на автопатот и преминувањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација беа спомнати како мерки за градење на доверба, меѓутоа преговорите продолжуваат и понатаму. Мора малку да почекаме и да видиме. Но, ова е многу важно во однос на добрососедските односи се нешто што ќе бидат оценувани од земјите членки кога ќе носат одлуки понатаму во текот на годината, рече Жбогар.

Нагласи дека треба наредните месеци внимателно да се следи како ќе се одвива процесот со решавање на името.

– Мислам дека ќе го преминеме мостот тогаш кога ќе дојдеме до него. Треба да одиме чекор по чекор. Двете земји преговараат за името, ајде да почекаме и да видиме како тие преговори ќе течат со надеж дека ќе донесат резултат. Мислам дека имаме уште некој месец додека земјите членки да седнат и да одлучуваат за пристапните преговори. Го имаме самитот за Балканот во мај во Софија, а потоа и состанокот на Европскиот совет во јуни каде што тоа ќе се дискутира. Се уште имаме доволно време и да не брзаме со шпекулации засега.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он