А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жбогар: Ќе бидете посилни како дел од нашето семејство, поддршката ќе биде уште поголема

by А1он09/10/2018 - 10:40144
Share0

Европската унија е заедница на поголеми и помали земји, поединечно мали во однос на влијанието на светот, но како заедница, сите сме силни. Ќе бидеме посилни со вас покрај нас, а вие ќе бидете посилни како дел од нашето семејство. Ние како најголем донатор во земјата ќе ви пружиме уште поголема поддршка, има толку многу работи што треба да се направат, со цел подобрување на животите на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го порача амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар, синоќа на свечена академија во Национална установа центар за култура Крива Паланка, по повод Денот на ослободување на градот, беше прогласен за почесен граѓанин на овој град.

Рече дека ја претставува ЕУ во нашата земја, но бидејќи, како што рече, растел во земја во која сите бевме едно, дава се од себе за денот кога повторно ќе бидеме едно во рамки на ЕУ.

– Обновената поддршка која ја ужива земјата се споделува подеднакво меѓу сите земји членки. Целта на сите посети на високите претставници од нашите земји неодамна во Македонија беше да се сподели напредокот постигнат во вашата земја. Го прифаќам ова признание во знак на посеветеност на граѓаните на Крива Паланка кон се што Европската унија претставува и застапува како едно од старите урбани места во земјата со историја, култура, кои ги негувате и заштитувате. Градот е свесен од каде доаѓа и очигледно е дека вие јасно знаете каде одите и кон што тежнеете, каде е вашата иднина, додаде Жбогар.

Следете a1on на Youtube YouTube

Жбогар се заблагодари за честа да биде почесен граѓанин на Крива Паланка и истакна дека од пристигнувањето во Скопје пред две години, неговото мото е дека Македонија не е само Скопје.

– Ќе зборувам на македонски, но не знам да го говорам кривопаланечкиот дијалект. Патував многу ширум земјата во рамки на нашите кампањи „ЕУ за тебе“ и за викендите патував со моето семејство. Во вашите планини најдов сличност со моите Алпи и многу ми е убаво тука, каде и да одев секаде срдечно и топло бев пречекан и бев добредојден. Честа која Вие денес ми ја укажувате, нема споредба. Благодарен сум и со понизност го прифаќам признанието на овој посебен ден за вас, изјави Жбогар.

На свечената академија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, паланчанецот Љупчо Николовски, беше одликуван со Осмооктомвриско признание за особени заслуги во афирмацијата и развојот на родниот град.

eu

Би можело да ве интересира

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Горан Наумовски29/08/2026 - 21:08

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео