А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Жбогар: Јасна перспектива за членството во ЕУ, но и посветеност на земјите од регионот

by А1он31/03/2017 - 14:2372
Share0

Од Брегзитот за кој жалиме произлезе и нешто добро, а тоа е поголема решителност и обединување на останатите 27 земји членки. Земјите од Западен Балкан треба да направат рефлексии за својот развој имајќи, јасна перспектива за членството во ЕУ кое носи придобивки, но и одговорност, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар на панел-дискусија во рамки на одбележување на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, организирана од Европското движење во Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Тој нагласи дека ЕУ е заедница на вредности и принципи како што се демократијата, владеењето на правото, човековите права, солидарноста и оти визијата за Европа на основачите на Унијата, како уникатен проект, се однесува подеднакво како земјите членки така и за идните членови на ова семсјтво. Во однос на Македонија посочи дека ЕУ е тука од 1991 година и има вложено милиони евра со кои ја помага подготовката на земјата за членство во Унијата.

– Мнозинството од луѓето го препознаваат тоа и затоа гледаме дека има многу голема поддршка за членството на земјата во ЕУ. Колку поскоро тоа се случи толку подобро. Очекуваме односите со земјите од Западен Балкан да се енергизираат по посетите на еврокомесарот Хан, високата претставничка Могерини и претстојната посета на преседателот на Европскиот совет Туск, рече Жбогар.

Во однос на европските предизвици рече тоа е дилемата суверена Европа наспроти суверени нации и нагласи дека не постои контрадикторност, бидејќи и со Деклрацијата од Рим, деновиве беше испратена порака дека само обединетата и суверена Европа може да гарантира независност за секоја нација.

– Клучот за нашата иднина е обединетата и суверена Европа, истакна Жбогар.

Со оваа панел-дискусија ЕДРМ ја продолжува традицијата на водење дебати за ЕУ и евроинтеграциските процеси на Република Македонија, употребувајќи интелектуален дискурс.

eu

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто