Жбогар и Јазбец во Тетово како дел од кампањата „ЕУ за вас“

Од:

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец денеска ќе го посетат Тетово како дел од кампањата „ЕУ за вас“.

Амбасадорите ќе посетат неколку проекти финансирани од ЕУ и ќе се сретнат со претставници на граѓанското општество кои се занимаваат со прашања на заштитата на животната средина.

Кампањата „ЕУ за вас” почна на 27 јануари годинава во Кичево, со цел да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата.

Фокусот е животната средина, а се патува во места низ целата земја, каде што ЕУ дава поддршка во борбата против загадувањето и обезбедувањето чиста животна средина.

Целокупната помош на Европската Унија во областа на животната средина е повеќе од 80 милиони евра во рамки на ИПА I (2007-2013), додека натамошна поддршка од 100 милиони евра се планираат во рамки на ИПА II програмата.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини